Сите нови градби или градби што ќе подлежат на значителна реконструкција, односно едносемејни или повеќесемејни згради за домување (до два стана), станбени, административни и комерцијални згради, хотели и ресторани, згради во образовниот и во здравствениот сектор, згради за спортски и за културно-уметнички активности и други во иднина ќе бидат означувани според своите енергетски карактеристики. Ова е предвидено со новиот правилник за енергетски карактеристики на згради, со кој Република Македонија ја постави основата за воведување стандарди во делот на потрошувачка на енергија во објектите. На овој начин земјата се приближува кон остварување на целите за енергетска заштеда на национално ниво и ќе има исти стандарди во согласност со директивите на Европската Унија.
Сите нови градби или градби што ќе подлежат на значителна реконструкција, односно едносемејни или повеќесемејни згради за домување (до два стана), станбени, административни и комерцијални згради, хотели и ресторани, згради во образовниот и во здравствениот сектор, згради за спортски и за културно-уметнички активности и други во иднина ќе бидат означувани според своите енергетски карактеристики.
Ова е предвидено со новиот правилник за енергетски карактеристики на згради, со кој Република Македонија ја постави основата за воведување стандарди во делот на потрошувачка на енергија во објектите. На овој начин земјата се приближува кон остварување на целите за енергетска заштеда на национално ниво и ќе има исти стандарди во согласност со директивите на Европската Унија.
- Означувањето на зградите и градежните единици во поглед на нивните енергетски карактеристики вклучува одредување на енергетската класа на зградата и изработка на сертификат за енергетските карактеристики. Сертификатот се издава за сите нови згради и градежни единици, за тие што се предмет на значителна реконструкција, како и оние што се продаваат или издаваат под закуп - вели Лазар Гечевски, директорот на Агенцијата за енергетика на Република Македонија.
Ваквите згради годишно ќе прават заштеди на енергија од 20 до 25 отсто. Првиот човек на Агенцијата објаснува дека ако ги користат и електричните производи кои имаат енергетска класа А+ и А++ заштедата на енергија може да достигне и до 40 отсто. Екоматеријалите, пак, кои ќе бидат вградувани во континуитет во новото градење, на пазарот се веќе поевтини или сериското производство ќе овозможува да падне цената.
Енергетската контрола на објектите ќе ја вршат посебно обучени контролори. Во согласност со Правилникот за енергетски контролори, ќе се спроведат активности како што се објавување повик за избор на правни лица за спроведување обуки, полагање испити за енергетски контролори и обуки за нивно усовршување. Исто така, ќе се издаваат, продолжуваат и одземаат решенијата за овластување за енергетски контролори и ќе се води регистар за издадени, одземени и признаени овластувања за енергетски контролори.
- Енергетската контрола на објект може да извршува правно лице кое има вработено најмалку двајца овластени енергетски контролори. Со решение за овластување на енергетски контролор може да се стекне секое физичко лице кое треба да има најмалку ВСС од техничка насока, најмалку пет години работно искуство во струката и положен стручен испит за енергетски контролор - потенцира Гечевски.
Првите контролори се очекува да бидат едуцирани до октомври. Што се однесува до старите објекти, од Агенцијата потенцираат дека нема да се врши пресија некој присилно да донесе некаков стандард ако нема финансиски можности тоа да го направи.
- Сопствениците на старите згради, според тоа какви можности имаат, самостојно ќе одлучат дали ќе стават енергетска класа - додаде Гечевски.